Папата Франциск пристигна во Мосул

Од:

Папата Франциск, на последниот ден од неговата посета на Ирак, денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, уништени од терористичката група Исламска држава и ќе одржи миса на отворено.

Ватикан се надева дека посетата на папата Франциск ќе ги охрабри христијаните да остан во Ирак и покрај повеќедеценските судири и нестабилност.

Папата од Ирак испрати порака за меѓуверска толеранција. Тој вчера оствари историска средба со ајатолах на шиитските муслимани , Али ал Систани.

Мосул е многу оштетен град за време на судирите со ИД, а поглаварот на Римокатоличката црква ќе се помоли и за сите жртви од војната во Ирак.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска