Папата Франциск предупреди на „вирусот“ на конзумеризмот во декември

Од:

Папата Франциск предупреди на зголемениот конзумеризам во периодот до Божик, што почна со Црниот петок, истакнувајќи оти желбата за трошење претставува „вирус што ја напаѓа верата во самите корења“.

– Мораме да се соочиме со илузијата дека човекот е среќен кога поседува многу работи. Спротивставете се на сјајните светла на конзумеризмот што овој месец свети околу нас, изјави папата Франциско.

Тој се одлучи да го коментира конзумеризмот во момент кога западниот свет го остави зад себе Црн петок, а денеска се соочи со Кибер понеделник.

Купувачите во САД само во купување преку интернет потрошија рекордни 7,4 милијарди долари на 29 ноември, за Црниот петок.

Папата Франциск го осуди конзумеризмот што го наметнува правилото „никогаш доволно работи“.

– Мораме да се спротивставиме на искушението дека смислата на животот е во трупање, истакна папата Франциск.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе имаме напредок и прогрес во секој план

Горан Наумовски

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Мицкоски: Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг

„Влен“: Празнициве се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија

Божикно послание на г.г. Стефан: Да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир со луѓето и мир меѓу народите

Предраг Петровиќ