Папата Франциск денеска во јавност користеше инвалидска количка поради постојана болка во коленото.
На приемот на група калуѓерки во ватиканската Сала Павле Шести за општа аудиенција, папата бил донесен на своето место на сцената, а потоа му помогнале да излезе од инвалидската количка и да седне на седиштето.
Тој во изминатиот еден месец неколку пати морал да ги откажува или намали своите активности поради болки во десното колено.
Неколку пати за време на велигденскиот период минатиот месец Франциск делегираше надбискуп или кардинал да служи миса додека тој седеше на мисите во базиликата Свети Петар, а своите проповеди ги читаше седејќи.
Извор: МИА