Папата Франциско го осуди расизмот во САД, но и насилните протести

Од:

Папата Франциско денеска првпат се огласи по повод немирите во САД, порачувајќи дека никој не смее да „затвора очи пред расизмот“.

Тој, исто така, го осуди насилството како „самодеструктивно и самопоразувачко“.

Поглаварот на Римокатоличката црква со голема загриженост ги следи вознемирувачките социјални немири во САД во изминатите денови, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Папата се помоли за национално помирување и мир во САД. Тој оцени дека смртта на Џорџ Флојд е трагична, додавајќи дека се моли за него и за сите кои се убиени како резултат на „гревот на расизмот“.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините