Папата Франциск бара сиромашните и богатите да имаат еднаков пристап до вакцината за Ковид-19

Од:

Папата Франциск денеска истакна дека е против секоја можност богатите да добијат приоритет при вакцинирањето против коронавирус.

– Пандемијата е криза. Ние мора да излеземе од неа како подобри луѓе, рече папата.

Говорејќи за време на својата седмична јавна аудиенција, тој рече дека по пандемијата на Ковид-19, животот нема да се врати во нормалност ако таа нормалност значи социјална неправда и деградација на природната средина.

– Колку би било тажно ако приоритет за добивање на вакцината против ковид-19 им биде дадена на најбогатите, истакна римокатоличкиот поглавар..

Тој, исто така, оцени дека би било скандалозно ако целата економска помош, главно преку употреба на јавни средства, да заврши во заживување на индустриите кои не им помагаат ниту на сиромашните, ниту на животната средина. с

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изненадувачки потег на папата – се појави на молитва

А1он

Папата Франциск повторно на респиратор, лекарите загрижени, верниците во солзи

А1он

Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

А1он

Папата Франциск се опоравува

А1он

Папата во критична состојба

Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

А1он