[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Папата Бенедикт XVI во последното неделно обраќање, истакна дека секогаш ја следел Божјата волја и дека не ја напушта Римокатоличката црква иако се повлекува од функцијата.
Пред десетина илјади верници на плоштадот Св. Петар, истакна дека ќе продолжи да и служи на црквата и по оставката која ќе ја поднесе во четврток.
-Господ ме повика да се „искачам на планина“, и уште повеќе да се посветам на молитвата. Тоа не значи дека ќе ја напуштам црквата -порача 85-годишниот папа.
Бенетикт изјави дека остатокот од животот ќе го помине во молитва, медитација и изолација, во манастир на територијата на Ватикан. Папата во среда ќе го одржи својот последен говор.