Во рамки на редовниот неделен благослов на Плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата Франсис упати апел за мир во светот. Поглаварот на Римокатоличката црква, по потекло од Аргентина, при крај на благословот зборуваше за стогодишнината од почетокот на Првата светска војна и додаде дека во мислите е со сите луѓе на Блискиот исток, односно со Иран и Украина.
-Ве молам да престанете. Од се срце ве молам, време е да дојде крај на тоа. Застанете!-рече тој.
Папа Франсис директно не ја спомена израелската офанзива во појасот Газа, во тек на која загинаа повеќе од 1.000 цивили, меѓу кои и повеќе десетици деца.
Е. Г.