Папа Франсис: Не ги заборавајте жртвите во Сирија

Од:

Папата Франсис денеска предупреди дека милион луѓе загрозени од војната во Сирија би можеле да бидат заборавени поради „глобализација на рамнодушноста“ кон судирот во оваа земја.

Тој порача дека се заканува опасност меѓународната заедница „да заборави на секојдневните жртви, на големото страдање, илјадниците бегалци, меѓу кои има возрасни лица и деца кои понекога и умираат од глад и болести предизвикани од војната“.

– Постои ризик да се навикнеме на кризата во Сирија. Глобализација на рамнодушност… Оваа рамнодушност не повредува, истакна поглаварот на Римокатоличката црква на состанокот на 25 хуманитарни организации од овој регион, поддржани од црквата.

Папата Франсис нагласи дека црквата е многу загрижена, посебно за опстанокот на христијаните на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска