Папа Франсис: Молете се како да играте самба

Од:

Римокатоличкиот поглавар папа Франсис, кој вчера им се обрати на верниците кои со кренати раце се молеа на фудбалскиот стадион во Рим им порача дека „ѓаволот сака да го уништи семејството“ кое го опиша као „домашна црква“.

На стадионот беа присутни голем број следбеници на таканаречениот харизматичен католицизам кои имаат специфичен начин на молитва. Папа Франсис нагласи дека додека бил надбискуп во Буенос Аирес не ги делел начините на кои се молеле приврзаниците на харизматичиот католицизам.

-Тогаш мислев дека сте повеќе како некое училиште за самба, рече папата и нагласи дека подоцна сфатил дека таквиот вид молитва претставува голема сила на Католичката црква.

Инаку во октомври во Рим ќе се состанат бискупи од целиот свет за да расправаат за проблемите со кои се соочува семејството.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска