Папа Франсис ги изненади бездомниците

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква папа Франсис ненајавено се појавил во Сикстинската капела за да им посака добредојде на 150 бездомници и побарал да не се објавуваат фотографии од средбата.

-Ова е куќа за сите, па и ваша куќа. Нејзините врати секогаш се отворени за секого – им рекол Франсис на бездомниците.

Како што пренесуваат медиумите тој ја благословил групата и за возврат побарал да се молат за него, а потоа лично се сретнал со секој од нив.

Посетата која завршила со вечера во Ватиканскиот музеј ја организирал монсињор Конрад Крајевски, полски надбискуп кој ја има функцијата дарител на милостина.

Крајевски во тоа својство ја надгледувал и обновата на јавните тоалети на плоштадот Свети Петар ви во нив вградил три тушеви за бездомниците, за кои отворил и бесплатна берберница.

Инаку Ватикан оваа недела најави дека капелата нема да биде достапна за јавноста со цел да им се овозможи приватна посета на бездомниците.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска