Папата Франциско ќе им дозволи на сите свештеници да им дадат официјално простување на жените кои извршиле абортус и поради тоа бараат прошка за време на претстојната Света година на милосрдие на Римокатоличката црква, пренесува Танјуг.
Папата во своето писмо, објавено денеска во Ватикан, напишал дека жените кои ја прекинале бременоста се соочиле со „егзистенцијално и морално искушение“, додавајќи дека „сретнал многу жени кои во своите срца носат лузна поради таквата очајничка и болна одлука“.
Според учењето на Римокатоличката црква, абортусот е толку голем грев, што на оние кои го вршат или врз кои се врши, автоматски им следува екскомуникација.