Папа Франциско: Не е доволна само молитва

Од:

Папата Франциско изјави денеска во Истанбул дека исламските милитанти прават тешки гревови против Господ во Сирија и Ирак и повика на меѓурелигиски дијалог и борба против сиромаштијата.

На заедничката прес-конференција со патријархот Вартоломеј Први, папата Франциско рече дека луѓето од сите вери не можат да останат рамнодушни на лелекањата на жртвите на „нечовечната и сурова“ војна во соседството.

– Да им се одзема на луѓето мирот, да се извршуваат сите видови на насилство – или да се согласуваш на такви дејства- посебно кога се насочени против најслабите и оние без одбрана, е исклучително тежок грев против Господ.

Папата по трет пат во три дена за време на посетата на Турција ги спомна бунтовниците од „Исламската држава“ кои убиваат или протеруваат од Сирија и Ирак шиитски муслимани, христијани и други кои не го споделуваат нивниот ултрарадикален вид на сунитски ислам.

Франциско и Вартоломеј одлучно се заложија за заштита на христијаните прогонувани од џихадистите во Ирак и во Сирија, истакнувајќи дека никогаш нема да го прифатат „Блискиот исток без христијани“.

„Не можеме да го прифатиме Блискиот исток без христијани кои таму го исповедале Исусовото име 2000 години, се наведува во заедничката изјава, потпишана од папата и патријархот Вартоломеј.

„Многу наши браќа и сестри се протерани и морале под присила да го напуштат својот дом. Навистина изгледа дека човековиот живот не е вреден и оти личноста веќе не е важна и може да се жртвува во име на други интереси, наведуваат двајцата верски водачи.

„Страшната ситуација на христијаните и сите оние кои страдаат на Блискиот исток не бара само постојана молитва, туку и соодветен одговор на меѓународната заедница, велат двајцата верски поглавари.

Папата уште истакна дека борбата против сиромаштијата е клучна и поради тоа што таа поттикнува регрутирање терористи.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска