Папата Франциск денеска го одбележа традиционалниот Светски ден на мирот на Римокатоличката црква водејќи миса во базиликата Свети Петар, во Ватикан, каде почетокот на новата година е во сенка на смртта на поранешниот папа Бенедикт.
Папата Франциск апелираше за мир, алудирајќи на земјите зафатени од војна, вклучително и Украина, објави Ројтерс.
Да се молиме за оние кои страдаат и веќе немаат сила да се молат и за жртвите од војната ширум светот кои овие празници ги поминуваат во темнина и студ, во сиромаштија и страв, рече Папата за време на молитвата.
Телото на Бенедикт, кој почина во саботата на 95-годишна возраст, од понеделник три дена ќе биде изложено во базиликата Свети Петар.
Во согласност со желбите на Бенедикт, неговиот погреб во четврток ќе биде едноставен.
Бенедикт, кој се повлече во 2013 година, беше првиот поглавар на Римокатоличката црква во последните 600 години што поднесе оставка.