Папа Франциск: Пазарниот капитализам не успева во пандемија

Од:

Папата Франциск изјави дека пандемијата на коронавирус покажала дека „магичните теории“ на пазарниот капитализам не успеале и на светот му е потребен нов вид на политика, која промовира дијалог и солидарност, а ја отфрла војната по секоја цена.

Пораката на папата е дел од најновата енциклика „Фратели тути“ (Сите сме браќа), во чија суштина се наоѓа социјалната правда.

Според него, пандемијата го потврдила неговото уверување дека сегашните политички и економски институции мораат да се реформираат за да ги задоволат потребите на луѓето.

Тој повика и на промена во начинот на размислувањето, осудувајќи го „кратковидниот, екстремниот и агресивен национализам“, кој е се повеќе застапен во денешната политика.

Папата Франциск ја отфрла и доктрината на Католичката црква за оправданост на војната како легитимно средство за одбрана, нагласувајќи дека таа е прешироко применувана со векови и повеќе не е одржлива.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска