Папата Франциск го почна едномесечниот глобален молитвен маратон на римокатолиците за завршување на пандемијата на Ковид-19, со порака дека парите кои се трошат за оружје треба да бидат пренаменети за спречување на идни здравствени кризи.
Тој вчера се молеше „ова тешко искушение да заврши и да се врати малку надеж и мир“.
Поглаварот на Римокатоличката црква ја замоли Богородица „да ја допре совеста со цел огромните суми пари потрошени на зголемување и модернизација на оружјето да бидат пренасочени кон промовирање на соодветни истражувања за спречување на слични катастрофи во иднина“.