Папата Франциск денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот ги урна и онака разнишаните столбови на светскиот економски модел изграден врз идолопоклонството кон парите и доминацијата на богатите.
Во пораката до учесниците на годишната европска работилница „Хаус-Амбросети“, на која учествуваат околу 200 врвни менаџери, економисти и политичари од целиот свет, тој повика на усвојување на нови модели кои ќе бидат поинклузивни и ќе ја намалат социјалната нееднаквост, пренесуваат британските медиуми.
Папата Франциск, исто така, повика на еколошкото преструктурирање на економијата за да се спаси животната средина и да се намалат расипничките трошења.
Тој рече дека богатите земји не смеат да се трупаат со вакцина против Ковид-19.