Папа Франциск: Борбата со климатските промени да биде над партиски интереси

Од:

Папата Франциско ги повика членовите на парламентите ширум светот да ја надминат тесната рамка на политиката на партијата, со цел брзо да се постигне договор за борба против климатските промени.

Папата им се обрати на парламентарците кои беа во Рим на подготвителната средба пред годишната конференција на ОН за климата, што почнува во Глазгов, Шкотска, на 31 октомври.

Папата се повика на заеднички апел што тој и другите верски водачи го потпишаа оваа недела, повикувајќи ги владите да се посветат на амбициозните цели на конференцијата на ОН, која експертите ја гледаат како клучна можност за справување со заканата од глобалното затоплување.

„За да се соочиме со овој предизвик, секој има своја улога. Политичките и владините лидери се особено важни и навистина пресудни“, рече папата пред парламентарците од многу земји на кои беше домаќин.

Би можело да ве интересира

Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

А1он

ВИДЕО: Поради климатските промени тајфуните стануваат се поразурнувачки

Катерина Ѓуровски

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Земјава една од петте најзагрозени од климатските промени, екологистите бараат „Климатска акција сега“

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра