Паника во кино во Флорида: Се појавил „Џокер“

Од:

Полицијата во Флорида синоќа уапси човек кој се појавил во едно кино маскиран како Џокер, главниот негативец во филмовите за Бетмен. Службените лица реагирале веднаш по пријавата од одредени посететели во киното, кои барале нивна помош затоа што имало гледач кој многу чудно изгледа и сомнително се однесува.

Кога пристигнале на местото, полицајците веднаш го забележале 21-годишниот Кристофер Сидес, нашминкан и со фарбана розева коса.

Откако го идентификувале, откриле дека имаат и налог за негово задржување во притвор бидејќи тој имал избегано од рацете на законот поради некои поранешни „ситни“ кривични дела.

Инцидентот предизвика паника кај гледачите во киното, поради масакрот што се случи во јули годинава во Колорадо, кога Џејмс Холмс, маскиран во Џокер изврши напад за време на премиерата на најновиот „Бетмен“ при што загинаа 12 лица, а десетици други беа повредени.
Апсењето на новиот „Џокер“ поминало без проблеми. Тој не давал никаков отпор, ниту пак се заканувал на било кој начин.

Би можело да ве интересира

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он

Владата на САД ја дели еден ден да остане без пари

Две лица загинаа, а тројца се повредени во судир на товарен воз во Тексас

ВИДЕО: Тројца браќа богаташи повеќе од 10 години силувале и злоставувале жени

Катерина Ѓуровски

Артан Груби се повлекува од јавниот живот откако се најде на „црната листа“ на САД

A1on

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата