Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Од:

ФБИ и американската Поштенска служба денеска започнаа истрага за сомнителни пакети кои ги примиле или ги испратиле изборните службеници во најмалку осум држави, но нема извештаи за ниту еден од пакетите со опасни материјали.

Најновите пакети стигнаа до изборните претставници во Масачусетс и Мисури, додека Изборниот оддел на државниот секретар на Мисури доби сомнителен пакет „од непознат извор“, изјави портпаролот на одделот Доџон Чејни, пренесе АП.

Како што се наведува, ова е втор случај годинава да се испраќаат сомнителни пакети до изборни службеници во повеќе канцеларии, а стравот од потенцијално опасни пакети е зголемен откако во неколку сојузни држави се одржуваат вонредни избори, на помалку од два месеци пред изборите за американскиот претседател, Сенатот и Конгресот.

Директорите на локалните изборни канцеларии ја засилија безбедноста за да ги заштитат своите работници и избирачките места, истовремено обезбедувајќи дека гласачките ливчиња и процедурите за гласање не се менуваат.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД