Панамскиот претседател за изјавата на Трамп: Панамскиот канал ќе остане под наша контрола

Од:

Панамскиот канал ќе остане под контрола на Панама, изјави денеска претседателот на земјата Хозе Раул Мулино, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во својот говор на инаугурацијата рече дека ќе го обнови каналот.

Трамп рече дека сака САД да ја вратат контролата врз овој стратешки важен канал и го истакна ова прашање како еден од неговите надворешнополитички приоритети, објави Си-Би-Ес.

Мулино постојано повторува дека неговата земја ќе се спротивстави на секој обид на САД да ја оспори нивната контрола врз Панамскиот канал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина