„Панамски документи“: Лондон епицентар на сомнителните бизниси

Од:

„Панамските документи“ ја разоткрија клучната улога на Лондон, како центар на системот на „даночни оази“, оценуваат  експертите.

Документите на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“, кои беа обелоденети пред неколку дена, ја покажуваат поврзаноста меѓу Велика Британија и илјадници компании, кои за седиште ја избрале британската територија поради ниските даноци и слабиот закон.

– Лондон е епицентар на голем дел сомнителни бизниси кои се водат во светот, вели Николас Саксон, автор на книгата „Даночни оази“.

Според него, Лондон е срцето на „пајаковата мрежа“, која допира до далечните британски прекуморски територии, остаток од некогашната империјата, како на пример Британските Девствени Острови. На овој мал архипелаг се регистрирани 110.000 сметки од адвокатската фирма „Мосак Фонсека“.

Повеќе познати политичари поседуваат големи недвижни имоти во Лондон преку офшор претпријатија, основани со помош на панамската фирма, наведува британскиот весник „Гардијан“.

Пример за тоа е претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Калиф бин Зајед ал Нахјан, кој има недвижности во вредност од 1,5 милијарди евра.

– Повеќето градови во светот не соработуваат со странци кои пристигнуваат со полни торби пари, подготвени да купат куќи или фирми. Но, Лондон не е меѓу нив, пишува весникот „Ивнинг Стандард“.

Има повеќе причини зошто Лондон се наоѓа во центарот на финансиските текови. Важно е што во светот на финансиите се зборува на англиски јазик. Втора причина е што Велика Британија има стабилен правен систем, а и географски се простира меѓу Европа и САД. Исто така, традиционално во Велика Британија политиката не интервенира во економијата.

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане

ВИДЕО: Трамп вели дека САД би можеле да побараат од Панама да го предаде Панамскиот канал

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година