Палестинско момче убиено во појасот Газа

Од:

Едно палестинско момче беше убиено денеска во појасот Газа од израелски оган за време на пограничните судири на израелската армија и палестинските милитанти.

Коалицијата на палестинските милитантни организации Национални комитети на отпорот (НКО) соопшти дека нејзините вооружени членови се спротивставиле на израелските сили и на четири израелски тенка и булдожер кои накратко влегле од израелската гранична ограда со Појасот Газа, пренесува Ројтерс.

Израелските воени претставници изјавија дека се работи за “рутинска активност” на војниците покрај безбедносната бариера кои се најдоа на удар на палестински милитанти и одговорија пукајќи врз сомнителни локации.

Палестинските лекари рекоа дека 12.годишното момче е погодено од оган од автоматско оружје, од израелски хеликоптер или тенк.

Израелските упади во појасот Газа, управуван од страна на исламистичкиот Хамас, обично имаат за цел да се пронајдат тунели преку кои милитантите се обидуваат да влезат во Израел и извршуваат напади.

Со смртта на момчето прекинато е речиси две неделното затишје во насилството меѓу милитантите во појасот Газа и израелските сили, од претходниот бран на насилство во кој загинаа неколку милитанти, главно од Хамас.

Би можело да ве интересира

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

Калас: Продолжете со преговорите за Газа, нападите на Израел врз Сирија и Либан ризикуваат ескалација

(ВИДЕО) Израелски амбасадор повикува да се убијат палестинските тинејџери во Газа

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Шест деца загинаа во воздушен напад врз зграда во Газа

А1он