Палестинските власти поднесоа тужба против Израел до судот во Хаг

Од:

Палестинските власти поднесоа денеска тужба против Израел до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг поради воени злосторства извршени во Појасот Газа.

Палестинскиот министер за правда Салем ал Сака и јавниот обвинител во Газа, Исмаил Џабр, покренаа, преку адвокат во Париз, законска процедура против Израел поради 18-дневните судири меѓу борците на Хамас и израелските копнени сили, во кои загинаа 800 Палестинци, меѓу кои и стотина цивили.

Од израелска страна се убиени 37 лиѓе, од кои 35 војници.

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Пол Хиршон денеска не бил запознат со потегот на Палестинците, но ги отфрли тврдењата дека израелските сили го прекршиле законот.

– Тужбата е нешто ново, што ќе мораме да го разгледаме. Израелската војска постапува 100 проценти согласно меѓународниот хуманитарен закон, истакна Хиршон.

Правни експерти се сомневаат дека МКС ќе ја прифати палестинската тужба против Израел

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја