Палестински тинејџер убиен во судир со израелски војници на Западниот Брег

Од:

Палестински тинејџер беше убиен денеска во судир со израелски војници на Западниот Брег. Израелски военовоздухопловни сили нанесоа во текот на ноќта удари врз 34 објекти во Појасот Газа, соопшти израелската армија и палестински извори.

Новиот бран насилства доаѓа откако тројцата израелски тинејџери, киднапирани минатиот месец на Западниот Брег, беа пронајдени мртви. Израел за убиството го обвини Хамас, и се закани дека палестинското исламистичко движење ќе плати висока цена.

Хамас негира учество во киднапирањето и убиството на израелските млади.

Шеснаесетгодишен Палестинец беше убиен од израелски војници во градот Џенин. Тој фрлал рачни гранати врз израелски војници, кои извршувале апсења.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници