Палестинската Влада на национално единство стапи на должност

Од:

Новата палестинска Влада на национално единство денеска стапи на должност, откако во последен момент беше надминат спорот меѓу Фатах и Хамас.

Двете страни преговараа денеска до последен момент за составот на кабинетот. Хамас побара од палестинскиот претседател Абас да ја поништи одлуката за укинување на функцијата министер за прашањата на затворениците.

Кусо пред почетокот на церемонијата високиот претставник на Хамас, Халил ал Хаје изјави дека спорот е решен.

Церемонијата за стапување на должност се одржа во Рамала на Западниот Брег, каде е седиштето на палестинската Влада.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја