Советникот на палестинскиот лидер Махмуд Абас, Махмуд Хабаш побара од САД да не го признаваат Ерусалим како главен град на Израел, нагласувајќи дека тоа би претставувало „целосна деструкција на мировниот процес“.
– Светот ќе ја плати цената за каква било промена на статусот на Ерусалим, порача Хабаш.
Заканата на советникот на првиот човек на Палестинската автономна управа доаѓа по најавите од Вашингтон дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го пресели седиштето на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, што практично би се сметало за негово признавање за израелски главен град.