Палестинците ја признаа јурисдикцијата на МКС за војната во Газа

Од:

Меѓународниот кривичен суд соопшти дека палестинските власти официјално ја признале јурисдикацијата на Судот да ги истражи злосторствата наводно извршени за време на седумдневната војна во Појасот Газа.

Тоа ќе му овозможина МКС да истражи што е сторено од 13 јуни минатата година, кога почна израелската воена операција, но тоа не значи дека судот автоматски ќе ја почне истрагата.

Палестинците официјално побараа да се придружат кон судот, чие седиште е во Хаг, со што им се отвара патот да ги тужат израелските власти за воени злосторства на окупираните територии, а што предизвика гнев кај Израел.

– На 1 јануари 2015 година архиварот на МКС Херман фон Хебел го прими документот на палестинската Влада во кој се објавува дека Палестина ја прифаќа јурисдикцијата на МКС од 13 јуни 2014 година, се наведува во соопштението на Судот.

Тој ден Израел почна голема пресметка на Западниот Брег по киднапирањето и убиството на тројца израелски тинејџери, што доведе до серија инциденти и на крајот на војната во Појасот Газа беа убиени 2.200 Палестинци и 73 Израелци.

– Прифаќањето на јурисдикцијата на МКС не значи автоматско покренување истрага, се додава во соопштението на Судот.

МКС може да гони лица обвинети за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, сторени од 1 јули 2002 година, кога Римскиот статут стапи во сила. Судот има јурисдикција од тој датум, но оние кои подоцна се приклучиле кон него можат и покрај тоа одвоено да го прифатат неговиот авторитет пред статутот за нив да стапи во сила. Досега 122 земји го ратификувале Римскиот статут, а САД и Израел не се меѓу нив.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации