Палестинците бараат гаранции за границите на идната држава

Од:

Високи палестински претставници на средбата во Рамалах со американскиот државен секретар Џон Кери разговараа за обновување на израелско-палестинските мировни преговори.

Средбата заврши рано утрово со решение да се побараат гаранции дека Израел ќе се согласи за границите на идната палестинска држава.

Претходно, Израел соопшти дека нема да се врати на преговарачката маса ако Палестинците поставуваат предуслови.

За денеска е предвидено Кери во Аман да се сретне со главниот палестински преговарач Саеб Еракат, но се уште не е познато дали американскито државе секретар ќе се сретне со израелскиот преговарач.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации