Пакистанските талибанци денеска го повлекоа својот мировен предлог, поради убиството на вториот човек во нивната хиерархија при напад на американско беспилотно летало, соопшти портпарил на исламистичката група.
Вали ур Рехман е убиен вчера во племенскиот регион Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Во нападот се убиени уште најмалку четири други екстремисти.
Претходно, пакистанските талибанци изразија подготвеност да преговараат со новата влада на земјата, што ќе биде формирана по парламентарните избори што се одржаа на 11 мај.