Пакистанските сили убија четворица и уапсија седуммина обвинети за убиства на на шиити

Од:

Пакистанските сили убија денеска четворица и упасија седуммина мажи обвинети за убиства на шиитски муслимани, вклучувајќи и организирање на разорниот бомбашки напад во кој загинаа 89 лица.

Операцијата е спроведена во Квета, во југозападен Пакистан, каде илјадници шиити бараат воена заштита и одбиваат да ги погребат жртвите на бомбашкиот напад врз нивната етничка заедница Хазара, кој се случи во саботата.

Министерот за внатрешни работи на провинцијата Балукистан, Акбар Хусеин Дурани и полковникот Макбул Ахмед од паравоениот Граничен корпус изјавија дека убиствата и апсењата се извршени во рамки на „операцијата која е во тек“.

– Убиените лица се познати убијци по кои трагавме. Тие беа вмешано во убиство на еден шиитски судија и висок претставник на полицијата, изјави Дурани.

Тој додаде дека меѓу уапсените е и еден од „мозоците“ на бомбашкиот напад во Хазара таун, предградие на Квета, во кој во саботата се убиени најмалку 89 лица, а ранети се повеќе од 200.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица