Пакистанскиот премиер се огради од повикот за линч на режисерот на „Невиноста на муслиманите“

Од:

Пакистанската Влада се огради од вчерашната иницијатива на министерот Гулам Ахмад Булур за награда од 100 илјади долари за главата на режисерот на антиисламскиот „Невиноста на муслиманите“.

Министерот за железнички транспорт Гулам Ахмад Билур објави вчера на прес-конференција во Пешавар дека ќе даде 100.000 долари на „оној кој ќе го убие богохулникот, кој го навреди светиот пророк Мохамед“.

„Ги повикувам Талибанците и браќата од Ал Каеда исто така да се вклучат во ова благородно дело“, додаде Билур, истакнувајќи дека ако има можност, би го убил режисерот со своите раце. – Потоа нека ме обесат, заклучи тој.

Националната партија Авами, чиј член е министерот и која е еден од главните партнери во владејачката коалиција, денеска објави дека нема никаква врска со неговата изјава.

„Ова е лична изјава, што не претставува политика на партијата, изјави Захид Кан, еден од раководителите на секуларната партија.

Пакистанскиот премиер Раџа Первез Ашраф исто така изрази загриженост поради изјавата на министерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права