Новата пакистанска Влада ја укина забраната за смртна казна, во обид да покаже одлучност за да стави под контрола на зголемениот број случаи на криминал и екстремизам, но тој беше осуден од меѓународни организации.
Околу 450 луѓе очекуваат извршување смртни казни во десетици пакистански затвори. Мораториум врз смртната казна беше воведен во 2008 година.
Неопходно е во Пакистан претседателот да ја одобри секоја егзекуција која најчесто се извршува со бесење.