Пакистанската национална лига освои најмногу места во Парламентот

Од:

Партијата на поранешниот премиер Наваз Шариф обезбеди 85 места во 272-членото Национално собрание, Долниот дом на Парламентот на вчерашните парламентарни избори, покажуваат првичните резултати од гласањето.

Пакистанската народна партија (ПНП), чиј претседател е 24-годишниот Билавил Зардари, син на претседателот Асиф Али Зардари и на покојната поранешна премиерка Беназир Буто освои 18 мандати.

Движењето за правда (Техик-и-инсаф) на легендарската крикет ѕвезда Имран Кан обезбеди 15 мандати.

На четврто место е Обединетото народно движење (Мутахида куами), партија на индиските доселеници, кои говорат урду, т.н. мохаџири во провинцијата Синд.

Изборната комисија соопшти дека околу 60 отсто од над 86-те милиони пакистански гласачи го искористиле своето право на глас.

Спроведовме слободни и чесни избори, сега топката е во ваши раце, уверете се дека ќе добиете добра власт, изјави претседателот на Комисијата, Фахрудин Ибрахим на прес-конференција во Исламабад.

Ова е највисоката изборна активност од 1977 година. На последните избори во 2008 година гласаа 44 отсто од избирачите.

Шариф, кој уште синоќа се прогласи за победник, најверојатно ќе биде новиот премиер на Пакистан. Шеесет и три годишниот Шариф веќе ја извршуваше ова функција и тоа во два мандати од 1990 до 1993 и од 1997 до 1999 година, кога беше соборен со воен преврат, организиран од генералот Первез Мушараф и беше затворен.

Благодарение на притисокот од Саудиска Арабија и САД Шариф беше ослободен и протеран од Пакистан.

Познат како „Лавот од Пенџаб“ Шариф во политичките кругови во земјата и во странство се смета за прагматичен политичар.

Тој е мошне почитуван во монархиите од Персискиот Залив и особено во Саудиска Арабија, еден од главните политички и економски сојузници на Пакистан. За негова заслуга се смета тоа што Пакистан се здоби со статустот на нуклеарна држава.

Двете претходни влади, предводени од Шариф ќе бидат запаметени и по завршувањето на важните национални проекти како автомагистралите Исламабад-Лахор и Исламабад – Пешавар.

Во текот на сегашната изборна кампања тој изјави дека е привраник на преговорите со пакистанските талибанци и оти го одобрува военото присуство на САД и сојузниците на НАТО во соседен Авганистан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица