Пакистанската армија тврди дека на границата убила најмалку 50 авганистански војници

Од:

Пакистанска војска соопшти дека уништила најмалку пет авганистански контролни пунктови во близина на границата меѓу двете држави, убивајќи и околу 50 членови на нивните безбедносни сили.

Генерал мајор Недим Ахмад денеска на граничниот премин Чаман пред новинарите изјави дека во судирот загинале и двајца негови војници, а дека уште девет се ранети, пренесоа американските медиуми.

Авганистанске власти, меѓутоа, негираат дека имаат уништени контролни пунктови.

Официјални претставници на Исламабад наведуваат дека до судирот дошло откако силите за безбедност на Авганистан пукале врз Пакистанците кои вршеле попис на населението во таа област и врз трупите кои ги следеле.

Во нападот, како што се наведува, убиени се девет цивили и ранети уште 42 лица, меѓу кои имало жени и деца.

Пакистан и Авганистан секојдневно меѓусебно се обвинуваат за давање помош на непријателските бунтовници, што истовремено двете страни го негираат.

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски