Пакистан забрани авионот на индискиот премиер да помине низ воздушниот простор на земјата

Од:

Пакистан го одби барањето индискиот премиер Нарендра Моди да помине низ воздушниот простор на земјата на лет за Германија, соопшти денеска шефот на пакистанската дипломатија Шах Мехмуд Куреши.

Тој наведе дека со оглед на ситуацијата во „окупираниот“ Кашмир одбиено е барањето авионот на Моди в петок да помине низ воздушниот простор на Пакистан и при враќањето од Германија следната недела.

Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи Равиш Кумар изјави дека тоа е вторпат во рок од две недели да се одбие барање на највисоки индиски претставници да летаат низ пакистанскиот воздушен простор.

– Пакистан би требало да размисли за својата одлука, отстапување од меѓународната пракса и да ја преиспита својата стара навика да дава лажни причини за своите еднострани акции, посочи Кумар.

Одлуката на Исламабад дополнително ќе ги влоши односите помеѓу Пакистан и Индија, што се веќе тензични по одлуката на Њу Делхи да го укине специјалниот статус на Кашмир.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски