Пакистан: Во пожарите досега избројани 289 жртви

Од:

Во текстилната фабрика во Карачи досега се извадени телата на 264 жртви, а од фабриката во Лахоре, 25 тела.

Шефот на пожарникарската служба во Карачи изјавил дека фабриката била многу опасна, лошо градена и без помошни излези во случај на опасност.

„Фабриката е голема, многу работници биле на работните места. Во овој момент е тешко да се утврди колку од нив успеале да се спасат“ – изјавил Мухамед Хусеин, официјално лице од градската управа.

Поголемиот број од жртвите биле заробени во внатрешноста на фабриката и настрадале од задушување и труење, а допoлнително огнот им ги изгорел телата.

„Сопствениците водат повеќе сметка за текстилот отколку за вработените“ – вика еден од работниците -„ да немаше метални решетки на прозорците, многу животи ќе беа спасени. Фабриката беше пренaтрупана со облека и текстил. Кој ќе се пожалеше добиваше отказ“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски