Најмалку 34 екстремисти и три војници на Пакистан загинаа во воени операции помеѓу племенските области Курам и Кибер.
Во овој дел од Пакистан војската воспостави контрола врз стратешките точки во тие планини, соопштија официјални лица.
Борбите се водеа во селата Пара Чаткани и Меидн, за време на операциите против талибанските екстремисти, пренесе „Франс прес“.
Доминантните точки во планинската област се оштетени и заземени соопшти војската.
Билансот на жртвите се уште не се знае бидејќи новинарите немаат пристап во тој регион поради воените дејствија кои се во тек.
Пакистанските војници со години се борат против бинтовниците во племенскиот појас, за кој што Вашингтон смета дека е главно претстојувалиште на талибанците и екстремистите на Ал Каеда, кои за мета ги имаат Запад и Авганистан.
Елена Георгиевска