Пакистан: Шариф победи на изборите

Од:

Опозициската Пакистанска муслиманска партија на поранешниот премиер Наваз Шариф синоќа прогласи победа на изборите пренесе радио Слободна Европа.

Лидерот на партијата на своите приврзаници во Лахоре им порача дека ќе ги исполни ветувањата, откако прелиминарните резултати ќе покажат дека неговата партија е во водство.

Доколку успее да формира нова влада Шариф ќе го започне третиот премиерски мандат.

Тој во својот победнички говор ги повика на соработка политичките сили во борба против многубројните проблеми на Пакистан.

-За доброто на народот, за доброто на 180 милиони луѓе во Пакистан и за решавање на проблемите со струјата, инфлацијата и невработеноста, ги повикувам опонентите да дојдат и да седнат со нас- изјави тој.

Наспроти крвопролевањата ширум Пакистан на изборите во сабота излегоа околу 60 проценти од избирачите, соопшти пакистанската изборна комисија.

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи му честита на Шариф за победата и изјави дека изборите покажуваат дека граѓаните на Пакистан сакаат да се свртат кон демократијата и додаде дека новата влада ќе обезбеди терен за мир и братство во Авганистан.

Новинарот од Исламабад, Захид Хусаин оцени дека доколку Шариф дојде на власт нејверојатно ќе воспостави соработка со Вашингтон и ќе им се спротивстави на талибанците, наспроти поранешните изјави дека ќе го извлече Пакистан од војната против тероризмот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица