Пакистан ќе ги депортира сите наставници осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповведник Фетулах Ѓулен, што турските власти ја сметаат за терористичка организација, јави агенцијата Анадолија.
Како што изјави претседателот на пакистанскиот Парламент, Сардар Ајаз Садик при својата посета на Турција, во Пакистан работат вкупно 108 наставници поврзани со мрежата на муслиманскиот проповедник кој живее во САД. Од нив, 45-мина веќе го напуштиле Пакистан.
– Продолжуваме со напорите да ги депортираме во Турција наставниците од училиштата, кои се поврзани со Ѓулен, рече Садик.
Според турските власти движењето Хизмет на Ѓулен, кои тие го нарекуваат Фетулахистичка терористичка организација (ФЕТО), стои зад обидот за преврат во Турција лани на 15 јули.