Пакистан им забрани на невакцинираните да патуваат на домашни летови

Од:

Пакистан од денеска им забрани на невакцинираните возрасни лица да патуваат на домашни летови, во обид да се зголеми стапката на вакцинација и да се избегнат нови заклучувања поради коронавирусот.

Министерот за авијација Гулам Сарвар Кан денеска ја објави забраната на Твитер, наведувајќи дека „само целосно вакцинирани патници над 18 години ќе можат да користат домашни летови во Пакистан“.

Пакистанската влада минатата недела соопшти дека од денеска невакцинираните луѓе нема да можат да работат во канцеларии или да влегуваат во трговски центри.

Речиси 30 милиони луѓе се целосно вакцинирани во земјата со 220 милиони жители. Нема недостиг на вакцини.

Пакистан пријави 1,2 милиони заразени и 27.785 смртни случаи од почетокот на пандемијата минатата година.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски