Пакистан и го предаде на Индија заробениот пилот

Од:

Пакистан денеска на индиските власти им го предаде заробениот командант на индиските воздухопловни сили Абхинандан.

Тој беше притворен во Пакистан откако во средата беше соборен неговиот авион во судирот на индиските и пакистанските воздухопловни сили долж спорната граница во регионот Кашмир.

Подоцна, пакистанскиот премиер Имран Кан најави ослободување на пилотот со цел смирување на тензиите.

Индија и Пакистан се во период на најголем судир во последните години, каде светските сили посредуваат за да спречат ескалација на тензијата меѓу земјите, кои од стекнувањето на независност во 1947 година воделе дури три војни.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски