[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Најмалку едно лице загинало, а 12 се повредени во експлозија во трговски центар, што се случи во северозападниот Пакистан.
Полицискиот службеник, Гоар Хан изјавил дека мета на денешниот напад во градот Пешавар се продавниците кои продаваат мобилни телефони.
Тој додал дека ранетите се пренесени во болници, а меѓу нив има и лица кои што се во животна опасност.
До сега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека тоа се на проталибанските борци, кои често ги нападаат трговските центри.