Пакистан: Бомба усмрти 45 луѓе

Од:

Во експлозија на бомба во најголемиот пакистански град Карачи, загинаа 45, а повредени се 149 лица, соопшти полицијата. Меѓу жртвите има деца и жени.

Агенцијата Ројтерс наведува дека за експлозијата се сомничи бомбаш-самоубиец и дека нападот е извршен врз шиитски муслимани додека ја напуштале џамијата во населеното место Абас Таун.

Според соопштението на шефот на локалната полиција Фајаз Лугари, експлозијата сериозно оштетила две станбени згради, а после неа следувала друга, за која не може да се каже дека е бомба.

Локалните жители не чекајќи ги спасувачите самите почнале да ги извлекуваат луѓето од под урнатините и да ги пренесуваат до болница, а многу од повредените се во сериозна состојба.
Одговорност за сега не презеде ниту една група.

Во етничкото, секташко и политички мотивираното насилство, во Карачи минатата година загинаа 2284 луѓе и тоа е најлош биланс на жртви во овој град во последните 20 години, според независната пакистанска Комисија за човекови права.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица