Пакистан би дозволил независен Кашмир, ако народот така одлучи

Од:

Пакистанскиот премиер Имран Кан изјави дека земјата ќе им даде на луѓето во Кашмир право да изберат да се приклучат кон Пакистан или да живеат во независна држава, доколку на евентуалниот референдум, кој се одложува со децении, го изберат Пакистан, наместо Индија.

Кан им се обрати на илјадниците собрани жители на Азад Џаму и Кашмир, територии што се контролирани од Пакистан, потсетувајќи дека Обединетите нации ветија дека на луѓето од Кашмир ќе му се даде право на самоопределување.

-Кога народот на Кашмир под индиска окупација и народот на Азад Кашмир ќе добијат право на самоопределување и кога ќе го изберат Пакистан, тогаш Пакистан ќе им даде право да одлучуваат дали сакаат да бидат составен дел од Пакистан или да останат независни, рече Кан.

Пакистанскиот премиер од собирот порача дека неговата земја е со народот на целиот Кашмир, но и дека целиот исламски свет е со овој народ.

-Ќе продолжам да ги потсетувам Обединетите нации на ветувањето што го дадоа во врска со правото на самоопределување на Кашмир, додаде Кан.

Од стекнувањето на независноста од Велика Британија, во 1947 година, Пакистан и Индија водеа две војни за Кашмир. Двете земји ја сметаат територијата за своја, додека таа е административно поделена меѓу нив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица