„Паис“: Одредена кауција од 150.000 евра за ослободување на Форкадељ од притвор

Од:

Шпанскиот Врховен суд синоќа реши притворената претседателка на каталонскиот Парламент, Карме Форкадељ да биде ослободена од притвор со кауција од 150.000 евра, објави електронското издание на весникот „Паис“.

На Форкадељ и шестмина други каталонски регионални лидери им беше изречена мерка притвор по покренатата истрага во врска со нивната улога при едностраното прогласување независност на Каталонија.

Според весникот, за четворица од остантите петмина притворени каталонски лидери Судот одредил кауција за пуштање на слобода од по 25.000 евра. За последниот притворен каталонски лидер, Судот донел одлука да го ослободи без кауција, под одредени услови.

Притворените ќе бидат пуштени на слобода по плаќањето на одредените кауции, наведува „Паис“.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата