Триесет и едно лице загинаа во Нигерија, откако биле потиснати од дрво, откорнато од ураган, соопштија денеска нигериските медиуми, цитирани од ДПА.
Најмалку уште 16 лица биле ранети во несреќата, што се случила вчера на ноќен пазар во село во јужната држава Имо.
-Моите луѓе беа збришани за еден миг, рече локалниот старешина Годвин Дуру.