Пад на поддршката на Дилма Русеф

Од:

Јавната поддршка за претседателката на Бразил, Дилма Русеф опадна за 13 отсто по масовните протести против корупцијата во Владата одржани во викендот.

Нејзиниот настап не го одобруваат 62 отсто анкетирани од Датафолхе, што е најголем процент од 1992 година, пред поднесувањето оставка на тогашниот претседател Колор де Мељо, наведуваат бразилски медиуми.

Прашањето за корупциски скандал од 3,8 милијарди долари во државната нафтена компанија Петробас во период кога таа била претседател на бордот, се интензивира во изминатите недели кога Врховниот суд одобри покренување истрага против 50-на политичари поради нивна наводна вмешаност.

Истражни органи тврдат дека приватни фирми плаќале на корумпирани политичари за да добијат вносни договори со Петробрас. Најголем дел од политичарите опфатени од истрагата се од владејачката коалиција, а Русеф е ослободена од какво било обвинување.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски