Пабло Неруда ќе биде ексхумиран

Од:

Судот во Сантјаго одлучи ексхумацијата на посмртните останки на прославениот чилеански поет Пабло Неруда да започне на 8 април.

Според објаснувањето на судијата кој го води случајот, целта на ексхумацијата, по речиси 40 години од починувањето на поетот, е утврдување на причините за неговаа смрт.

Неруда почина во Сантјаго во септември 1973 година, само 12 дена по извршениот воен удар со кој беше соборен левичарскиот претседател Салвадор Аљенде. Поетот Неруда, комунист и близок пријател на Аљенде, во тоа време беше во болница, болен од рак на простатата.

Решението на судот во Сантјаго за ексхумација е донесена откако поранешниот личен возач на поетот Мануел Араја Осорио изјави дека Неруда не умрел од болеста, туку дека бил отруен. Поетот важеше за остар критичар на армискиот врв и неговото спротивставување на легално избраниот претседател Аљенде.

Претставник на Фондацијата „Неруда“, како и семејството на поетот не ја прифаќаат верзијата на Осорио, сметајќи дека тој починал од рак.

Неруда е погребан во Исла Негра, 120 километри западно од Сантјаго, покрај гробот на неговата сопруга. Тој се уште се смета за еден од најголемите чилеански и латиноамерикански поети. Добитник е и на Златнот венец на Струшките вечери на поезијата.

Чиленската левица претходно побара ексхумација и на телото на Аљенде, а експретизата утврди дека тој не бил убиен за време на пучот од војниците, туку дека се самоубил пред армиските сили да влезат во претседателската палата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера