Озлогласената фабрика на iPhone парализирана од штрајк

Од:

Илјадници работници започнаа штрајк во фабриката Foxconn во Кина во која се изработува iPhone 5, запирајќи го производството на најновиот модел на овој популарен смартфон, објави организацијата China Labour Watch.

Штрајкот започна во критично време за американската компанија, само неколку недели откако се распродадоа сите залихи на iPhone 5.

Според China Labout Watch, некаде помеѓу 3 и 4 илјади работници штрајкуваат поради претераните мерки на контролата на изработка и поради тоа што мораат да работат и на празниците кои започнуваат во понеделник и траат цела недела.

Штрајкот не е потврден од друг извор, а Apple одби да ги коментира наводите на медиумите.

Apple и Foxconn веќе се најдоа на удар на критиките поради лошите услови за работа и ниските плати во фабриките во Кина. Како одговор на тоа, тие ги ревидираа условите за работа во фабриките, ги зголемија платите, ја подобрија сигурноста и ја намалија прекувремената работа.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио