ОЗХО: ИД употребила хемиско оружје во борбите против ирачката војска

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) употребила хлор во судирите против ирачките вооружени сили, изјави денеска во Токио генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО), Ахмет Узумџу.

Според информации на организацијата, добиени од властите во Багдад, хемиското оружје било употребено во октомври минатата година северно од ирачкиот главен град, но во нападот немало жртви.

Претходно денеска шефот на ОЗХО истакна дека организацијата располага со неофицијални податоци дека ИД се обидува да се снабди со хемиско оружје.

– Ако ИД успее да произведе или да се снабди со хемиско оружје, тоа ќе претставува општа опасност. Поради тоа треба да се зајакне меѓународната контрола врз вакви материјали, истакна Узумџу.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак